Катната гаража ќе се вика „Тодор Александров“, а градската куќа „Мајка Тереза“

Од:

Катната гаража ќе се вика Тодор Александров а градската куќа Мајка Тереза

Советниците на Град Скопје наредната недела ќе одлучуваат за предлогот на градоначалникот Коце Трајановски, катната гаража на улица „Даме Груев“ да го носи името Тодор Александров.

„Името на објектот Катна гаража се предлага поаѓајќи од фактот што Тодор Александров претставува личност која активно учествувала и придонела во Македонската револуционерна борба и со својот револуционерен карактер придонел кон зачувување на Македонската револуционерна организација. Со именувањето на објектот Катна гаража, Градот Скопје ја изразува својата почит во одбележувањето на личноста на Тодор Александров и неговата улога во Македонската револуционерна организација и го симболизира континуитетот на македонската борба за независност. На овој начин, со донесувањето на оваа одлука Градот Скопје ќе придонесе кон зачувување на споменот и значењето на ликот на Тодор Александров во историската борба за самостојност и сувереност на Република Македонија“, стои во образложението потпишано од Трајановски.

gradSkime gradSkime1

Советниците ќе треба да се произнесат и за предлогот, објектот каде што се сместени градските власти да се преименува во Градска куќа „Мајка Тереза“.

„Со именувањето на административиот објект, Градот Скопје ја изразува својата почит во одбележувањето на нејзиниот лик и дело и го потенцира значењето што на светско ниво го има Мајка Тереза. На овој начин, со донесувањето на оваа одлука Градот Скопје ќе придонесе кон зачувување и негување на споменот, ликот и делото на Мајка Тереза и нераскинливата врска што ја има со Градот Скопје, како најистакната личност од историјата и културата на Градот Скопје и воопшто на Република Македонија.“, стои во образчожението.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен