Катица Јанева два часа порано донесена на рочиште за „Рекет“

Од:

Катица Јанева два часа порано е донесена во Кривичниот суд, каде треба да се одржи ново рочиште за „Рекет“. Полицајците ја спроведоа во 10 часот, но судското обезбедување ја врати назад, бидејќи рочиштето е закажано од 12 часот.

На денешното рочиште треба да сведочи екс-вработен во „1ТВ“, Христијан Баневски и поранешниот маркетинг директор на „Оне“, Виктор Доневски.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

Би можело да ве интересира

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава