Катадиоптри за подобра видливост на хоризонталната сигнализација во Ѓорче Петров

Од:

Нови катадиоптри за подобра видливост на хоризонталната сигнализација ќе бидат поставени на улицата „Ѓорче Петров“, на потегот од кружниот тек кај СП „Планет“ и улицата „Воин Драшковиќ“ до мостот за Сарај, информираат од Град Скопје.

Како што се наведува во соопштението на Град Скопје, катадиоптри со бела рефлексија се поставуваат на средишната двојна полна лента на коловозот на растојание од 1, 3 и 5 метри. Катадиоптрите ќе ги постават eкипи на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“.

Поставувањето на катадиоптри, информираат од Град Скопе, ќе продолжи и во текот на наредните денови на булеварот „Партизански одреди“, кај влезот во пунктот на ЈСП, кај влезот во пазарчето во Ѓорче Петров, кај влезот во поликлиниката „Ѓорче Петров“ и на кружниот тек на булеварот „Партизански одреди“, кај црквата „Свети Петар и Павле“.

Би можело да ве интересира

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

(ВИДЕО) Стојковска: Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Ана Ололовска

Стојкоски: Нови инфраструктурни проекти до крајот на летото во Општина Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Започна решавањето на проблемот со бездомните кучиња во Ѓорче Петров

Ана Ололовска