Кастриот Реџепи кој не се појави на седницата за недоверба на Владата е исклучен од БЕСА

Од:

Пратеникот од Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи, не е повеќе член на оваа партија. Тој е исклучен од сите партиски органи и како член. Ова го објави лидерот на БЕСА, Биљал Касами. Тој не го дочека оправдувањето на Реџепи, кое пратеникот го најави за понеделник. Чинот на исклучува е последица на однесувањето на Реџепи, кој не се појави на закажаната седница за недоверба на Влада.

„Имајќи ги предвид неодамнешните постапки на пратеникот нa Реџепи, кој не се појави во Собранието пред неколку дена да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со што постапи спротивно на одлуката на партијата и сериозно го наруши и престижот на партијата, јас го исклучувам споменатиот член од сите партиски функции и како член“, објави Касами.

Пратеникот од Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи најави дека во понеделник на прес-конференција ќе се појави пред новинарите. Тој ја повика неговата партија да не презема чекори кои ќе ги оштетат партиските структури и активности.

-Следниве денови ќе имаме можност подиректно да ве информирам за сѐ. Во однос на медиумите и интересот, ги разбирам и ги информирам дека мојот прв настап ќе биде во понеделник преку прес-конференција. На крајот апелирам до раководството на Движењето БЕСА да не презема забрзани чекори кои ќе им наштетат на нашите структури и активности. Треба да се постапува внимателно, напиша Реџепи на неговиот приватен профил на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги