Кашиковски: Има пари за августовската плата за вработените на „Флораком“ и „Луна“

Од:

Префрлени се парични средства за исплата на августовската плата за вработените на „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, изјави претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија) Стојанче Кашиковски.

Тој кажа дека исплатата следи по седумдневните протести од вработените на „Флораком“ и „Луна“, а денеска вработените одржале краток протест од 8:30 до 9:30 часот без блокирање на улиците, само пред влезот на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.

Кашиковски апелираше раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ веднаш да почне со правење напори за обезбедување средства за исплата на септемвриската плата за да не бидат принудени повторно вработените од ЈП „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ нивното основното човеково право и основно работничко право на плата да го бараат преку протести и блокади на булеварите и крстониците во Град Скопје.

Тој, воедно изрази благодарност до ЈП Водовод и Канализација кои префрлиле средства на ЈП Паркови и зеленило, од кои потоа се исплатени платите на вработените од Флораком и Луна.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата даваат резултати за сите, повисоки пензии за 7000 денари, реален раст на платите од околу 7 проценти

Предраг Петровиќ

Просечната нето-плата во февруари 43.053 денари

Евростат: Најниска плата во Бугарија, највисока во Луксембург

Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци – предлозите на Левица утре на дневен ред

Горан Наумовски