(ВИДЕО) Касапи до Вељаноски: Дозволувате пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не малтретираат

Од:

Пратеничката од коалицијата на СДСМ, Ѓулумсер Касапи, побара од претседавачот Трајко Вељаноски, конститутивната седница да ја води како што треба.

– Оваа седница требаше да биде свечена, мирна, кратка, да се избере претседател и да заврши. Немате право да сте на местото претседател и да дозволувате пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не малтретираат, рече Касапи.

Таа побара пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да дозволат да се формира владата на СДСМ, ДУИ, Алијансата за Албанците и можеби БЕСА.

– Се обидов да најдам зборови кои би можеле да допрат до вашиот ментален код и да сфатите дека сте опозиција, рече Касапи.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање