Каракачанов: Пред Грција да го покренеме прашањето за подигнување споменик на Гоце Делчев близу Баница

Од:

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во објава на Фејсбук по повод 117-тата годишнина од смртта на Гоце Делчев, повика Бугарија и Северна Македонија пред Грција да го покренат прашањето за подигнување споменик на местото на неговото загинување близу селото Баница.

– На денешен ден пред 117 години херојски загина Гоце Делчев. Во близина на селото Баница, Серско (денешна Грција), Делчев влезе во битка и го загуби животот, без да го дочека избувнувањето на Илинденското востание неколку месеци подоцна. Ова ќе беше добра можност, заедно со нашите браќа од Северна Македонија, како што вели Договорот за добрососедство, заедно да го одбележиме споменот на Делчев. Се надевам дека причината зошто не се случи тоа не е неподготвеноста на политичарите во Скопје, туку коронавирусот, пишува Каракачанов на Фејсбук.

Каракачанов во објавата посочува и дека „додека ние се расправаме чиј е Делчев, неговиот гроб стои необележан некаде зад олтарот на црквата во уништеното село Баница“.

– Зарем не е време заедно, како братски држави, пред нашиот партнер Грција да го покренеме прашањето за поставување спомен-обележје на Гоце Делчев и таму заедно да го одбележуваме сеќавањето на него? И можеби таму во урнатините на селото Баница, каде се уште е духот на Гоце Делчев, ќе добиеме помирување и просветлување за тоа што всушност беше тој, наведува Каракачанов.

Би можело да ве интересира

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025

122 години од смртта на Гоце Делчев – Левица оддаде почит на Великанот

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

Мицкоски: Македонија е изградена од саможртвата на хероите кои ги дадоа своите животи за нашата слобода

Горан Наумовски

Во Македонија денеска се одбележува 122 години од смртта на Гоце Делчев

Горан Наумовски

Мицкоски: Гоце Делчев е дел од македонскиот идентитет

Катерина Ѓуровски