Караџовски разговарал со претставници од Амбасадата на САД за начинот на избор на судии

Од:

Вчера претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски и претставници од Амбасадата на САД во Македонија, Дејвид Стивенсон – шефот на политичкиот и економскиот сектор и Џон Т. Мекнил – правен советник, разговарале за начинот на избор на судиите како и за одговорноста во судството, вклучувајки ги судиите и членовите на Судскиот совет.

Делегацијата од Амбасадата на САД изразила желба за соработка и поддршка за подобрување на законските решенија за избор на судии и водење на дисциплинските постапки, како и за транспарентноста на Судскиот совет. Понудиле и можност за активна помош на експерти од САД.

На последната прес-конференција, Караџовски пред новинарите изјави дека добиле поддршка од меѓународните претставници дека не е можен генерален реизбор на судии, ниту на членови на Судскиот совет дури не им заврши мандатот на постојните.

В. М.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација