Капитални и зелени инвестиции – Општина Аеродром го донесе буџетот за 2023 година

Од:

Советот на Општина Аеродром вчера вечер го изгласа и усвои новиот развоен буџет за 2023 година кој примарно се заснова на капитални и зелени проекти, како и инвестиции во сите области. Посебен акцент во буџетот е ставен на изградба и доградба на нови градинки и училишта, како и изведба на нови плоштади, паркови и сообраќајници.

Буџетот има цел да ги реши предизвиците со капацитетите за упис и едукација на децата во градинките и училиштата, се издвојуваат значителни средства за подобрување на воспитно-образовниот процес, вметнување на нови содржини во наставата и создавање современи услови за учење, спортување и правилен раст и развој на нашите идни генерации.

И оваа година буџетот предвидува инвестиции во професионалниот и рекреативниот спорт, со што Аеродром се стреми да го задржи епитетот на најспортска општина во Македонија.

„И покрај сериозниот удар од економската и енергетската криза на државно ниво, буџетот за наредната година е креиран така што ќе ги задоволи барањата на граѓаните и ќе овозможи реализација на капитални и зелени проекти. Сметам дека заедно со мојот тим, но и на консултативните средби со граѓаните на кои тие лично ни ги кажаа своите сугестии и предлози, а од кои голем дел ги земавме предвит, успеавме да создадеме развоен буџет кој ќе биде по мерка за аеродромци“, истакна градоначалникот Муцунски.

Општина Аеродром и во 2023 година ќе продолжи со грижата за најранливите категории граѓани преку креирање мерки и политики за олеснување на нивниот живот. Истовремено, остануваме посветени на заложбата за создавање нови зелени површини и заштита на природата и животната средина. И во годината која следува остануваме посветени и фокусирани на нашите жители и на создавањето подобри услови за живот и работа на секој аеродромец, велат од Општината.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он