Капитал: Изјавата на Хан е точно пренесена

Од:

Интервјуто на европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан за „Капитал“ е пренесено целосно точно, велат од редакцијата на бугарскиот весник за Дојче Веле.

„Ништо од интервјуто со комесарот Хан не е извадено од контекст“, велат оттаму. ДВ контактирал и со одговорните луѓе во „Капитал“ и со авторката на интервјуто, Светломира Ѓурова, при што им било одговорено дека интервјуто е целосно точно пренесено.

„Во редакцијата на Капитал за ДВ потврдија дека не добиле никаква реакција од кабинетот на Хан за интервјуто, ниту е побарана исправка на било кој негов дел. Напротив од неговиот кабинет била побарана и добиена оригиналната аудио снимка од разговорот. Според информациите на ДВ, од Кабинетот на Хан сметале дека кажаното во интервјуто е конзистентно со досега искажаните ставови на комесарот Хан“, пишува ДВ.

„Изјавите на комесарот Хан се пренесени апсолутно точно и целосно. Разбираме дека тие можеби се интерпретирани на различен начин во македонските медуми, но тоа нема никакво значење за интервјуто и проблемот со неговата интерпретација“, вели за ДВ новинарката на Капитал Светломира Ѓурова. Таа потврдила дека уште еднаш ја преслушала аудио-снимката од разговорот и дека спорната изјава на еврокомесарот е точно пренесена.

Интервјуто на Хан за бугарскиот весник е објавено на 22 јануари, а деталите од него стигнаа до македонските медиуми дури вчера, на 26 јануари.

Изјавата на Хан предизвика бурни реакции, а од неговиот кабинет појаснија дека бил изваден од контекст.

„Пак ќе речам, за нас одлучувачко е изборите да се спроведат на фер, транспарентен и демократски начин. Не е важно дали сите ќе учествуваат, важен е квалитетот на изборниот процес. На оваа основа можеме да правиме следни чекори и да продолжиме напред“, рече Хан во интервјуто за „Капитал“.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“