Канзети и директорката и училиштето во Радовиш каде што оџа вршеше верски обред

Од:

Директорката и основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш се казнети од Државниот просветен инспекторат откако минатата недела била организирана ифтарска вечера по повод Рамазан, а локален исламски свештеник вршел верски обред. За време на обредот, свештеното лице на микрофон извикувалo „Алаху акбар“.

Училиштето ќе треба да плати 1 600 евра казна, додека директорката Олгица Стојанова е казнета со 1 120 евра.

Инспекторите влегоа во училиштето откако во јавноста излезе видео од обредот кое наиде на остри критики на социјалните мрежи поради нарушување на начелото на секуларност во училиштата. Од Инспекторатот е најавено дека ќе биде поднесено барање до општинските власти во Радовиш за разрешување на директорката, затоа што спротивно на законот дозволила верско организирање во училиште.

Би можело да ве интересира

МВР: Пожарот пламна во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени

Горан Наумовски

Градоначалникот предупреди на загаден воздух по пожарот во Радовиш

Двајца малолетници запалија автобус паркиран пред училиште во Радовиш

48-годишен возач со автомобил удри во маж кој бил во инвалидска количка

Во сообраќајка тешко повредено е момче, со возило излетало од патот

Полицијата уапсиле четворица крадци од Радовиш