Кандидатот за Куманово од СДСМ Дамјановски вети нови проекти во градот

Од:

Кандидатот за градоначалник на Куманово од коалицијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ Зоран Дамјановски денеска го посети затворениот базен кој е во фаза на изградба.

– Во рамки на базенот предвиден е и отворен базен  и аквапарк. Проектот е почнат пред една година и очекувам да заврши до крајот на летото. Инвестицијата е во вредност од 150 милиони денари, рече Дамјановски. Додаде дека базенот ќе има комерцијални содржини на површина од 2.000 кавдратни метри и дека ќе се загрева со гасни котли.

– Ниту една локална самоуправа нема ваков проект во Македонија. Локалната власт на Куманово досега изгради и три спортски сали, рече Дамјановски и вети изградба на уште две и реконструкција на една спортска сала.

Рече и дека на кејот Кумановка ќе бидат поставени уште две детски игралиште, ќе биде покриено лизгалиштето, ќе се осовремени добиточниот пазар, ќе има уште еден мост за премин и подобрување на условите за чување на добитокот.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември