Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Сарај ја претстави својата програма

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Сарај од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Зоран Бошковски, денеска пред граѓаните ја претстави предизборната програма, со која, како што рече, ќе се подобрат условите за живот во општината.

Барајќи ја довербата од граѓаните, Бошковски вети дека ќе биде донесен Генерален урбанистички план, во кој ќе бидат вметнати хотели, трговско-занаетчиски објекти, спортски центри…

Со инвестициите во индустриската зона, тој очекува намалување на невработеноста во општина Сарај, а за подобрување на условите за земјоделците, најави зголемување на протокот на вода.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски повикувајќи ги жителите од општина Сарај да гласаат за Бошковски, рече дека тој човек кој ветува и остварува.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември