Кандидатот за градоначалник од СНС, Божичковиќ, вети економски развој на општина Куманово

Од:

Кандидатот за градоначалник, од Српска Напредна Странка (СНС), Предраг Божичковиќ вети економски развој на општина Куманово.

Неговата програма, како што рече на денешната прес – кноференција, се базира на унапредување на сите услови кои ќе придонесат за развој на мали и средни претпријатија.

– Користејќи средства од европските фондови во нашата програма е предвидено формирање на канцеларии од сите етнички заедници кои се застапени во Куманово кои пак ќе го промовираат мултинационалниот регионален бизнис центар во кој е планирано да бидат опфатени бизнисмени од Албанија,Србија,Бугарија, Грција и Турција, рече кандидатот за градоначалник Божичковиќ.

Во програмата за локалните избори на оваа партија предвидено е отворање на канцеларија која ќе им помогне на печалбарите од Куманово кои имаат идеи да ги реализираат и да отворат мали претпријатија кои ќе ја придвижат економијата во општината.

Кандидатот за градоначалник Божичковиќ на денешната прес- конференција најави и развој на бањскиот и руралниот туризам.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија