Кандидатот за градоначалник на Вевчани од СДСМ одржа завршна прес-конференција

Од:

Заедно со вас ја напишавме програмата и во секое наше решение и проект, се препознава вашиот удел, став и мислење, изјави денеска на завршната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Општина Вевчани од СДСМ и коалицијата „Сојуз за иднината“, Сашо Јанкоски.

Тој рече дека во текот на изборната кампања за локалните избори настапиле, достоинствено, храбро и принципиелно.

– Најискрено и со длабока почит, ви се заблагодарувам што ни отворивте врата, што срдечно не примивте во вашите домови, што бевте наши соборци и во најтешкото време ни дадовте поддршка да продолжиме по вистинскиот пат. Јас и мојот тим, заедно со мојата програма ви нудиме визија за промена, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Вевчани од СДСМ и здружената опозиција, Сашо Јанкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија