Кандидатот за градоначалник на Струга Кочоски го посети селото Лабуништа

Од:

Изградба на спортска сала на местото каде минатата власт од најавениот проект оставила само ископини во струшкото село Лабуништа, здравствен дом, решение за каменоломите на кои постојано се жалат мештаните најави  кандидат за градоначалник на Струга од ВМРО-ДПМНЕ, поддржан од СДСМ Владимир Кочоски.

– Во последниве осум години за мандатот на претходниот градоначалник не е ништо направено. Овде може да се види дека ништо не е реализирано од проектот за спортска сала. Зошто тоа не е сторено, не знам, но, јас ви ветувам дека тоа во мојот мандатен рок од четири години ќе го завршам. Исто така заслужувате да имате и најмалку здравствен дом, со оглед на бројот на жители, бидејќи сигурно дека ќе работиме и на таа проблематика, рече Кочоски.

Тој на десеттината илјади жители од Лабуништа им вети и реконструкција на локалните патишта и подобрување на комуналната инфраструктура.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија