Кандидатот за Градоначалник на Скопје, Горан Николовски на работна средба со „Анима Мунди”

Од:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Горан Николовски, оствари работна средба со членовите на здружението за заштита на животните „Анима Мунди“.

На работната средба беа разменети ставови кои се однесуваа на заштита на животните и можноста за унапредување на процесите на соработка на Градот Скопје и неговите општини со здруженијата за заштита на животни.

Горан Николовски притоа истакна дека лично преку ЛП во своето политичко дејствување секогаш се залага за унапредување на општествените движења во Р. Македонија и дека започнува една од етапите за промена и унапредување на националната легислатива за заштита на животните која е поткрепена со акцијата на Либерална партија на Македонија за собирање на потписи за Декларација за заштита на животните.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември