Кандидатот за градоначалник на Охрид Петрески ја промовираше изборната програма

Од:

Кандидатот за градоначалник од коалицијата Сојуз за иднината за Охрид и актуелен градоначалник на градот Александар Петрески и кандидатите за советници вечерва ја промовираа програмата за работа во наредниот четиригодишен мандат.

– Како и во изминатите осум години, така и наредните четири, секој ден ќе бидам со вас, насекаде каде ќе има проблем. Решивме многу од нив, останаа уште многу за решавање, рече Петрески.

Според него, дел од предвидените капитални проекти не се реализирани, само поради опструкциите на централната власт. Потсети дека Охрид последен, заедно со Арачиново, влезе во втората фаза на децентрализација и е последната општина на која и беше вратено државното градежно земјиште.

– Веднаш донесоа закон за туристички развојни зони за по едно евро да го одземат земјиштето, што е грабеж поголем од денационализацијата од 1946 година, рече Петрески најавувајќи жестока борба во одбрана на земјиштето.

Петрески најави дека во наредните четири години со поддршка на новата влада на Сојузот за иднината, ќе реализира капитални инвестиции како гасификација на јавни стопански објекти и домаќинствата, изградба на водоснабдителен систем „Свињишки извори“ со произдводство на електричка енергија, изграадб на пречистителни станици и конечно решавање на проблемот со отпадните води во Трпејца и Љубаништа, пет нови кружни крстосници на булеварот „Туристичка“, со два надземни пешачки премини, четири катни гаражи во централното градско подрачје, современ пазар со подземни паркинг – места и пропратни содржни, современ затворен пливачки базен во рамки на СРЦ „Атина Бојаџи“, пет нови училишни спортски сали, бесплатен јавен превоз за пензионерите и лицата со посебни потреби до сите приградски и селски населби, субвенции за социјално загрозените граѓани за трошоците од комуналната сфера, изградба на соверемена пешачка-рекреативна патека покрај езерото, од Далјан преку Кејот до Парк, Старечки дом, објект на автобуската станица, аквапарк, спортски центар во касарната…

Петрески изрази уверување дека уште во првиот круг ќе извојува убедлива победа и ќе го добие третиот градоначалнички мандат.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар