А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кандидатот за градоначалник на Куманово Ѓорѓиевски најави реноворање на ОУ „Јероним де Рада“

by А1он02/04/2013 - 12:44158
Share0

Реновирање на основното училиште „Јероним де Рада“ и изградба на спортска сала во училиштето вети кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“, Зоран Ѓорѓиевски.

Добивај вести на вибер

– Училиштето од населбата Черкези е вклучено во програмата и предвидена е реконструкција на кровот на столаријата,а воедно тука е планиран и капитален објект спортска сала, наменета за 600-те ученици од оваа училиште, рече Ѓорѓиевски. Канидатот најави и дел од проктите наменети за населбата како што подобрување на водоснабдувањето и асфалитрање на незавршените улици.

И министерот за образование и наука Панче Кралев денеска на покана на надлежните од училиштето го посети основното училиште и потенцира дека спортската сала е дел од проектот изградба на 145 спортски сали и ќе овозможи квалитетно изведување на наставата по физичко образование.

– Спортската сала ќе биде на располагање на 600 ученици кои досега немаа можност да следат настава по спорт и спортски активности во современи услови како што тоа е овозможено во голем број на училишта во Република Македонија, рече Кралев.

Министерот додава дека училиштето е влезено во програмите на МОН за реконструкација.

– Проектот се  спроведува како дел од проектот кои се реализира со заем од советот при банката на Европа за реконструкции кои ќе овозможат подобри услови за изведување  на наставата во оваа училиште, вели министерот, додавајќи дека овие инфраструктурни зафати ќе се реализираат во тесна соработка со локалната власт.

Тој изрази надеж дека во иднина сите овие инфраструктурни зафати кои се врзани за подобрување на условите за изведување на образованиот процес ќе може да се спроведуваат во тесна соработка со локалната самоуправа.

Министерот додава дека и годинава ќе биде распишан повик за дисперзирани студии по геодезија и дека лани немало доволен број заинтересирани студенти.

– Нашата заложба била и ќе биде  Куманово да има студиски програми и да се овозможи следење на високото обраование и тука е потребна поддршка од локалната смаоуправа во делот на проследување на информациите  со цел граѓаните да знаат дека овие студиски програми се нудат локално, рече министерот, додавајќи дека интенција на Министерството е  Куманово да има одредени студиски програми кои ќе може да ги следат во родниот град  и дека круцијална е поддршката од локалната власт.

Кралев објасни дека во посетата е исклучиво како министер по покана на директорот на училиштето и оти присуството на кандидатот е добредојдено од аспект на реализација на неговата програма.

izbori

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Горан Наумовски01/04/2026 - 11:55

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски30/03/2026 - 07:1930/03/2026 - 09:21

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:26

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски23/03/2026 - 07:3123/03/2026 - 07:31

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Горан Наумовски08/02/2026 - 13:50

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Горан Наумовски07/02/2026 - 21:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто