Кандидатот за градоначалник на ДПА, Сабриу ветува поубава и просперитетна Преспа

Од:

Муарем Сабриу, е наш победнички кандидат, кој ќе придонесе за поубава и просперитетна Преспа во наредните четири години, рече пратеникот на ДПА и кандидат за градоначалник на Струга, Зијадин Сеља на митингот на ДПА што денеска се одржа во Ресен.

Обраќајќи им се на присутните, кандидатот за градоначалник на ДПА за Ресен, Муарем Сабриу се заблагодари на довербата и потенцира дека неговата програма е најдобра и единствено со нејзиното спроведување, Преспанскиот регион може да го врати, некогашниот сјај и да стане пристојно место за живеење.

– Преспа има ресурси, посебно во овоштарството и туризмот. Со нивното развивање, младите нема да го напуштаат овој крај, рече меѓу другото Сабриу.

На митингот во Ресен беа претставени и кандидатите за советници од оваа партија.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември