Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Од:

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ (Либерално-Демократска партија, Граѓанска опција за Македонија, Интегра-Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на Ромите), Виолета Арсовска вети три клучни проекти за развој на Куманово.

Приоритет како што посочи Арсовска ќе биде развојот на уништената индустрија формирање на „Кумановски инвестициски фонд“ и општинска развојна банка, поддршка за микро и мали претпријатија, развој и промоција на туризмот.

– Таргет ми е Куманово да има највисоко БДП во однос на останатите општини, сега знаете дека припаѓаме во најмалку развиениот североисточен регион. По згаснувањето на големите гиганти, Куманово тешко ја помина транзицијата, сега треба да се стремиме да обезбедиме услови за економски развој на градот. Приоритет е носење на странски и домашни компании, правење на индустриска зона по модел на создавање на услови за развој на микро и малите претпријатија, изјави Арсовска.

Како што рече, компаниите ќе користат пари од општинската развојна банка, по ниски каматни стапки, при што приоритет ќе имаат младите луѓе.

– Куманово сакам да го направам велеград. Ќе ја искористиме добрата позиција,близината на пограничните места, културно-историското богатство, затоа внимание ќе посветиме на туризмот. Преку јавно приватно партнерство изградба на хотели, ние имаме што да понудиме и треба добри менаџери, рече Арсовска.

Таа најави и враќање на „Комитет“ под општинско владеење и преселба на општинската администрација во таа зграда, воведување на едношалтерски систем, но и поддршка за ранливите, особено за жртвите на семејно насилство, изградба на како што рече „суштински“ Шелтер центри.

Би можело да ве интересира

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски