Кандидатите за градоначaлници на Скопје и скопските општини потпишаа Кодекс за фер избори

Од:

Кандидатите за градоначалници од скопските општини и на Градот Скопје денеска потпишаа Кодекс на однесување за слободни и фер избори, во организација на Институтот за парламентарна демократија и Националниот демократски институт.

– Сите партии, кандидати и членови се со еднаква одговорност пред сите закони, правила и прописи на Република Македонија. Тие ќе го осудуваат јавно и постојано, секој чин на насилство и заплашување од чија било страна. Ќе го преземаат секој можен чекор за елиминирање на сите форми на изборен фалсификат пред, за време и по денот на изборите. Целосно ќе ги почитуваат законските прописи за трошоците поврзани со нивните кампањи и ќе ги објават своите жиро – сметки во согласност со овие прописи, стои меѓу другото во Кодексот што го потпишаа кандидатите за градоначалници.

Според кандидатот за градоначалник за Скопје од ВМРО – ДПМНЕ Коце Трајановски потпишувањето на Кодексот меѓу другото е позитивен чин и за самите кандидати за да нема, како што рече, непристојни обвинувања и да постои добар амбиент на овие локални избори во Република Македонија.

– Да се овозможи еден човек – еден глас односно волјата на граѓаните да не се злоупотербува. Досега сме покажале дека можеме на фер и демократски начин да ги водиме изборите, изјави по потпишувањето Трајановски.

За Јани Макрадули, кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, ова е симболика за која изрази надеж дека ќе преработи во пракса, затоа што е исклучително важно, подвлече, гласот на граѓанинот да вреди и секој граѓанин слободно да ја изрази својата волја.

– Сведоци сме секојдневно дека владините министри преку ден се во функција на локалните избори, а тоа самото говори дека овој Кодекс е добра војла, што сакаме да направиме. Верувам дека по потпишувањето, користењето на јавни фондови и ресурси, службени возила, нема да отвораат развојни проекти за време на кампањата, ќе бидат минато и со своите програми и деи ќе се натпреваруваме пред граѓаните на Скопје, изјави Макрадули.

Кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба Александар Бежовски нагласи дека Либералната партија има проблем со пристап до медиумите и со презентација на нивната кампања.

– Сепак, кампањата се одвива на терен, во контакт лично со граѓаните и се надеваме дека изборите ќе бидат фер и нема да се случат поголеми нарушувања на изборнито процес, рече Бежовски.

Актуелниот граоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, кој како кандидат на ДУИ, втор пат ја бара довербата на граѓаните, смета дека ваквите иницијативи, како што е Кодексот, директно влијаат да имаме подобри, фер и демократски избори.

– Одговорноста е поголема кај нас што сме дел од Владата, без разлика што ова се локални избори, но сигурно за да има целосно фер и демократски избори потребно е сите да бидеме одговорни, изјави Меџити.

Кодексот го потпишаа и кандидатите за градоначалници од ДПА, меѓу кои и кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Мухамед Тачи кој потенцира оти ДПА секогаш била за фер и демократски избори.

ФОТО: МИА

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар