Кандидатите за градоначалници на Куманово, потпишаа кодекс за фер избори

Од:

Десетина кандидати за градоначалници од Куманово, во Ценарот за култура потпишаа Кодекс на однесување за слободни и фер локални избори.

Канидатот од ВМРО – ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски нагласи дека кодексот е во интерес на развојот на демократијата и сликата што ќе ја имаат соседите и ЕУ за нас.

-Не се само ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ. Ние сме мала партија, но имаме големи идеи за овој град. Сметам дека тие идеи треба да ги пласираме пред граѓаните, а тие да гласаат за оние со најдобрите идеи – изјави кандидатот од Српската напредна партија, Предраг Божичковиќ.

Градоначалникот Зоран Дамјановски нагласи дека доколку продолжи изборниот циклус, како што почна на сите им е јасно дека нема да има фер избори.

-Фер избори не е само пуштање на ливче во избирачка кутија, туку тоа се целиот избирачки процес и цела кампања. Ако погледате на сите национални медиуми, 95 проеценти е застапена една политичка опција и антипропаганда на сите други опции. Им порачувам на моите противници, на никого не сум упатил навреда, да се натпреваруваме со идеи и проекти, а не со лични дискредитации – изјави Дамјановски.

Организатори на првиот ваков кодекс се Институтот за парламентрана демократија и Националниот демократски институт за меѓународни односи.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски