А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Канческа-Милевска се сретна со полскиот амбасадор Мултановски

by А1он14/07/2014 - 14:05111
Share0

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Министерството се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски.

Добивај вести на вибер

На средбата, како што соопшти Министерството за култура, биле потенцирани традиционално добрите културни врски меѓу двете земји кои се одвиваат во рамките на Програмата за соработка во областа на културата меѓу македонското Министерство за култура и Министерството за култура и национално наследство на Република Полска, како и за интензивирање на соработката меѓу институциите од областа на културата.

Ова, како што се наведува, ќе биде потврдено и со потпишувањето на новата програма за соработка меѓу двете земји за време на посетата на министерката за култура од Полска во септември годинава. Програмата ќе овозможи интензивирање на размената на конкретни проекти и уметници меѓу двете земји, како и поголема комуникација меѓу институциите.

Министерката Канческа-Милевска, меѓу другото, подвлекла дека досега се реализирани повеќе квалитетни културни содржини преку реципрочни настапи на македонски и на полски уметници. Исто така, била истакната и традиционалната соработка во сферата на заштитата и конзервацијата на културното наследство, како и учеството на македонските филмски остварувања на филмските фестивали во Полска.

Полскиот амбасадор Мултановски, пак, информирал за поважните активности на Амбасадата во насока на интензивирање на соработката во областа на културата меѓу двете држави. Тој истакнал дека е во тек реализацијата на проектот за дигитализација и реставрација на уметнички дела од познати полски автори, подарени на Македонија по земјотресот во Скопје, кои се наоѓаат во Музејот на современа уметност, а станало збор и за интензивирање на меѓууниверзитетската соработка преку доделување стипендии за студентите кои го изучуваат полскиот јазик.

На крајот, министерката Канческа-Милевска му посакала успешна дипломатска мисија на новиот амбасадор Мултановски и изрази очекување дека за време на неговиот мандат, пријателските односи и соработката во областа на културата меѓу двете земји ќе продолжат да се засилуваат и да се продлабочуваат со уште понагласена динамика.

vlada

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Горан Наумовски13/10/2025 - 14:08

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Горан Наумовски07/10/2025 - 15:53

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски01/10/2025 - 07:1601/10/2025 - 07:18

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски24/09/2025 - 10:5724/09/2025 - 11:13

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски24/09/2025 - 10:0224/09/2025 - 11:14

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски11/09/2025 - 16:2111/09/2025 - 16:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен