А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Канал 5, Сител и Алсат-М нема да емитуваат домашна музика

by А1он09/01/2013 - 15:13240
Share0

Националните ТВ станици Канал 5, Сител и Алсат – М денеска најавија дека веќе нема да емитуваат домашна музика бидејќи „не вродиле со плод нивните аргументи оти ТВ станиците не користат фонограми, туку аудио-визуелни дела, (видеограми), за кои Македонска Музичка Индустрија – ММИ, нема добиено лиценца“.

Добивај вести на вибер

Трите национални телевизии во заедничко соопштение по денешната средба посочуваат дека ММИ не ги прифати многуте забелешките на Министерството за култура од 17 декември 2012 година и не ги коригираше, а згора на тоа деновиве достави известување до ТВ куќите дека со почеток на оваа година ќе почне со побарување на средства.

Националните телевизии бараат Министерството за култура да ја одземе лиценцата на ММИ и да ја преиспита одлуката, според нив, за самоволно истакнување тарифи, како и вршење притисок врз медиумите за плаќање дополнителни давачки. – Истовремено препорачуваме, во духот на заложбите на Владата на РМ, за намалување на давачките кои ќе го оптоварат буџетот на граѓаните и фирмите, да се одложи доделувањето нова лиценца, за да се амортизира штетата која ќе се направи не само врз македоската музичка продукција, туку и врз сите правни и физички лица во време на економска криза, соопштуваат трите национални телевизии.

Тие информираат и дека почнуваат постапка пред Уставниот суд во која ќе бараат да се преиспитаат сите акти на ММИ. Мораториумот за емитување домашна музика, најавуваат, ќе остане во сила до конечната разврска на случајот.

mediumi

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Горан Наумовски03/09/2025 - 10:59

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Горан Наумовски23/08/2025 - 13:16

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Горан Наумовски13/08/2025 - 15:31

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Горан Наумовски01/06/2025 - 19:08

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

Горан Наумовски03/05/2025 - 11:16

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Горан Наумовски03/05/2025 - 09:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен