Канада го ратификуваше Протоколот за членство на земјава во НАТО

Од:

Канада е 18-та земја членка на НАТО која го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата. Како што објави на Твитер канадското МНР, тие изразуваат задоволство што набргу ќе и посакаат добредојде на нашата земја како 30–та членка.

– Канада со задоволство го ратификуваше пристапувањето на Северна Македонија во НАТО. Додека славиме 70 години НАТО, со нетрпение очекуваме да ве поздравиме како 30-та членка на Алијансата во блиска иднина, објави канадското МНР.

Во меѓувреме, во тек е постапката за ратификација и во Сенатот на САД. Се очекува ратификацијата на Протколот во Вашинготн да се случи до крајот на летово.

Пред десеттина дена Протоколот за НАТО го ратификуваа Германија и Естонија.

Со ратификацијата на Протоколот од 29-те земји сојузници во Алијансата, Северна Македонија се очекува и официјално на Самитот во Лондон кога ќе се одбележи 70 годишнината, да стане 30-та членка на НАТО.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени