Кампања за користење на велосипеди како превозно средство во Скопје

Од:

Зголемено користење велосипед како превозно средство во градот Скопје е новата кампања која ја започна Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба”. Сите оние кои ќе ја посетат „Јавна соба”со велосипед во текот на 2016 година ќе бидат наградени.

– Целта на оваа кампања е да се поттикнат сите генерации на граѓани да користат велосипед како превозно средство. Трендот на рекреативно користење велосипед во Скопје е евидентно зголемен. Тоа се забележува за време на викендите, особено кога и помлада и постара популација го користи убавото време за да се рекреира во паркови, на Водно, но и до подалечни дестинации, велат од „Јавна соба“.

Според нив Скопје како град има одлични предиспозиции за користење велосипед во секое време од денот и било кој период од годината. Велосипедот го олеснува движењето, се избегнува сообраќајниот метеж и овозможува подобро планирање на сопственото време и има голем позитивен импакт врз нашето физичко и ментално здравје. Фактот дека не загадува не треба дури и да се споменува.

Сите посетители во Јавна соба кои ќе дојдат со велосипед ќе бидат наградени со попуст на целокупниот асортиман на услуги и производи.

Кампањата за користење на велосипед како превозно средство ќе трае во текот на целата година.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат