ВИДЕО: Камион удри во новите патарини кај Штип, па се преврте

Од:

Товарен камион се преврте пред влезот на Штип, при поминување на патарина. Несреќата се случи утринава, а направена е голема материјална штета.

Робата која ја превезувал, поради силината на ударот и превртената приколица, е испадната.

Од она што е познато, две кабини од патарината се целосно уништени, а истата не е пуштена во функција, што значи биле празни.

Од МВР за „А1он“ велат дека го проверуваат случајот. Полицијата прави увид, а засега, причините за несреќата се непознати.

Засега, не се знае ниту дали е повреден возачот кој управувал со товарното возило, ниту дали друго возило учествувало во несреќата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он