Камион со отпадно железо се запали на патот кон ГП Ќафасан

Од:

Камион кој превезувал отпадно железо се запали утрово на патот што од Струга води кон граничниот премин Ќафасан.

Во пожарот е причинета материјална штета, но според командирот на Територијалната протипожарна единица во Струга Минир Мамуди, нема човечки жртви.

– Нашите екипи веднаш по пријавата се упатија на терен. Интервениравме со едно возило и го изгаснивме пожарот. За среќа, нема човечки жртви, но е предизвикана поголема материјална штета, вели Мамуди.

Камионот кој превезувал отпадно железо бил со гостиварски регистарски табли. Увидот што го изврши полицијата на местото на несреќата треба да ги утврди причините поради кои се запалило возилото.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче