Камион навлегол во лентата на превртениот бугарски автобус, тврди возачот

Од:

Камион што навлегол во спротивна лента, бил причина за сообраќајната несреќа на автобусот со бугарски граѓани во Македонија, што се случи вечерта на 2-ри овој месец, вели возачот на автобусот Љубомир Лазаров од дупничкото село Слатино, пренесуваат медиумите во Бугарија.

Лазаров го управувал автобусот на фирмата „Мегатранс“ што се преврте на патот помеѓу Ранковце и Крива Паланка, при што од 43 патници, беа повредени 26, од кои пет потешко.

– Тоа е тесен пат. Забележав камион како доаѓа директно во мојата страна. Имав чувство дека се разминувам со него на растојание од една педа.

Инстинктивно свртев десно. Во тој момент задната страна на автобусот пропадна во ендек. Се обидов повторно да го вратам на лентата, но автобусот тргна надолу, раскажува Лазаров.

Откако изгубил контрола автобусот се превртел покрај патот. Возачот е категоричен дека автобусот бил исправен и оти добро го знаел патот  затоа што го поминал стотици пати.

Автобусот поминал технички преглед во октомври минатата година, а возачот ги поминал редовните потребни прегледи. Инспекторите почнале проверка по инцидентот за да утврдат дали ги има сите потребни документи.

Од фирмата на превозникот тврдат дека возачот одмарал 48 часа пред патувањето кон Македонија. Автобусот бил произведен во 1998 година.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски