Камен од тетовско Кале се стркалал и удрил во ѕид од куќа

Од:

Голем камен со дијаметар над еден метар денеска околу 14 часот се стркалал од тетовското Кале и удрил и оштетил ѕид од куќата на семејството Стаменковиќ на улицата „Истра“ во Тетово откако претходно се одбил од потпорен ѕид на куќа на улицата „Вукашин Симоски“ по што продолжил да се тркала надолу.

Во инцидентот нема повредени лица, но причинета е поголема материјална штета, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите информации каменот се стркалал од просторот во близина на предавателот на Телевизија „Кисс“, поставен на тетовското Кале.

Полициски службеници на СВР Тетово на посоченото место првично утврдиле дека на земјиште, сопственост на Д.Ф ( 23 ) од Тетово, непосредно пред тоа се изведувале градежни работи. Камењата со багер се товарале во камион, а потоа се истоварале во близина.

– Сопственикот на парцелата,управувачот на багерот и камионот набрзо се обезбедени и ќе се разговара со нив. Во тек е увид и ќе се расветлуваат сите поединости околу тоа од каде е изваден каменот и како се стркалал по надолницата и ги причинил оштетувањата, но и колку вкупно се проценува штетата, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

А1он

Почетокот на судскиот процес за театарот и библиотеката повторно одложен – нов термин закажан за 8 октомври

Семејство од Тетово бара помош: Исчезнат е 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски

Јаневска: Има неколку сериозни наследени проблеми во врска со Студентскиот дом во Тетово