(ВИДЕО) Камчева: Плачев кога излегов од станот каде ми бараа милиони за слободата на Орце

Од:

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева на почетокот од сведочењето за случајот „Рекет“ рече дека на 9 ноември 2018 година пола час по полноќ нејзиниот сопруг, ја разбудил и и’ рекол дека во шест часот наутро ќе се прави претрес кај нив дома, по информација од Зоран Милевски, кој бил близок со Бојан Јовановски и така се случило. Станува збор за предметот “Империја” кој го отвори СЈО.

„Во шест имаше претрес, во 10 часот претрес во фирмите на Орка холдинг, а попладнето Јордан беше изнесен пред судија на претходна постапка”, сведочеше Камчева. Таа рече дека првпат Катица Јанева ја запознала вечерта кога биле изнесени осомничените од „Империја” во судот.

Камчева рече дека обвинителката Лиле Стефанова се однесувала недолично и на адвокатот Антонио Апостолски му рекла дека ништо не и’ може, бидејќи моќта е кај неа.

Подоцна Зоран Милевски кој бил човек од доверба на Камчев, договорил средба во стан во скопски Капиштец со адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова.
Таа рече дека Димишков знаел дека за нејзиниот сопруг ќе има кривичен прогон и дека треба да соработува со него, бидејќи, ќе помине полесно.

„Ми рече дека сестра му Весна Димишкова е во блиски односи со обвинителката Лиле Стефанова…”, кажа сопругата на Камчев. За слободата на Камчев, требало да исплатат 2, 4 или 6 милиони евра зависно од ситуацијата.

„Рече дека сумата е голема зашто предметот е специфичен и треба со таа сума да се пензионира сестра му. Бев вознемирена и плачев, но и изненадена што не ја знаеше крајната цена за „Рекет“, кажа Камчева.

Му требало еден ден да размисли, а и таа да се консултира со сопругот.

„Му реков ние немаме предмет, имаме проблем…”, кажа сопругата на бизнисменот.

Според обвинението, од ноември 2018 година до април 2019 година обвинетиот Бојан Јовановски познат како Боки 13, го искористил пријателството со шефицата на СЈО, Катица Јанева, и ѝ влијаел да го ослободи од притвор осомничениот бизнисмен, Орце Камчев, во предметот „Империја“.

Ексшефицата на СЈО му ја олеснила положбата во истрагата на Камчев, па предложила да му се укине притворот и да му се определи поблага мерка, куќен притвор, при неизменети околности.

Јанева планирала да му даде својство на заштитен сведок и да ја запре истражната постапка или да склучи со него предлог-спогодба за вина за полесни кривични дела и Камчев да плати незначителен износ на штета и да му се врати пасошот.

Обвинетиот Зоран Милевски договарал средби меѓу Бојан Јовановски и брачната двојка Орце и Ана Камчеви, а за возврат за посредувањето примиле награда од 1,5 милион евра во разни апоени, и тоа од Ана Камчева половина милион евра, а од Орце Камчев 1 милион евра.

Јанева ова го прифатила и за себе прибавила значителна имотна корист, и тоа предмети, мебел во износ од приближно пет илјади евра, кој за неа го набавил Боки 13, и готовина 50.000 евра.

Јанева е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување, Бојан Јовановски за примање награда за противзаконско влијание и перење пари. Милевски призна вина и доби три години затвор.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов