Определен 30 дневен притвор за бизнисменот Орце Камчев, поради опасност од бегство. Тој ќе биде спроведен во истражниот затвор “Скопје” во Шуто Оризари.
„Обвинител од Радивиш побара денеска за Јордан Камчев, поради некаква индиција да му се определи 30-дневен притвор. Претходно беше успсен во раните утрински часови поради наводна изборна измама.
Господинот Камчев не може да ја напушти Македонија бидејќи нема пасош. Ова е злоупотреба од политички актери, ова е срамота“, рече адвокатот Тони Менкиновски, бранител на Орце Камчев.
Притворот за Камчев го побара Обвинителството за гонење на организиран криминал, а откако Агенцијата за национална безбедност достсви белешка со која се алармирало дека бизнисменот подготвува бегство.
Од судот беше изнесен со полиција и лисици на рацете, кои ги криеше со парче облека.