Камчев: Му ги спакував банкнотите намерно во Луј Витон, зашто тоа го сакаше, да не биде адидас

Од:

Осомничениот бизнисмен Орце Камчев во сведочењето пред судот рече дека однапред знаел преку Бојан Јовановски кој ќе дојде на распит, кој ќе биде уапсен.

„Ми беше два дена претходно најавено, знаев дека ќе ме викнат на распит, пред да ме извести Обвинителството”, рече Камчев пред судот.

Тој кога дошол со неговите адвокати Драган Малиновски и Антонио Апостолски во СЈО, во собата за сведоци, Катица Јанева лично му рекла: “Катица ми вика, тоа со Бојан што го договорате да го завршиш. Директно ми го кажа”.

Камчев рече дека неговата сметководителка Мими му ги спакувала во банкноти од по 50 евра.

„Му ги спакував намерно во Луј Витон, зашто тоа го сакаше, да не биде адидас… Боки беше навреден зашто сум му ги спакувал од по 50 евра, но ги зеде парите”

„Беше повикан во СЈО, спроведен од затворор, во шест навечер во канцеларија. Она јадеше мекици со сирење со Лиле. Они седеа и рекоа гаранцијата нема да важи зашто е под хипотека. Јас реков дека тоа не така..” кажа сведокот Камчев на прашање од адвокатот на Боки 13, Сашко Дуковски за висината на гаранцијата од 14 милиони евра, која не му била прифатена.

„Гаранцијата беше одбиена за Катица и Лиле да глодаат како хиени”, рече Камчев, а реагираше адвокатот на Јанева, Дељо Кадиев, Камчев да не ја навредува неговата клиентка и останатите.

Би можело да ве интересира

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава