ВИДЕО: Камчев ќе сведочи за „Рекет“, неговата сопруга не дојде во судот, имала температура

Од:

Бизнисменот Орце Камчев пристигна во судот, како сведок за случајот „Рекет“. Денеска требаше да сведочи и неговата сопруга Ана, која не се појави во судот затоа што имала покачена температура.

Се очекува тие да ја кажат својата верзија за случајот – како на Камчев му биле барани пари, кој ги иницирал средбите меѓу него и Бојан Јовановски-Боки 13 и што му било ветувано од ексшефицата на СЈО, Катица Јанева.

Бојан Јовановски повторно се пожали за својата здравствена состојба. Камчев, слушајќи го, само се смешкаше, чекајќи да почне да сведочи.

Судијката Васка Николовска Маневска го предупреди дека доколку уште еднаш се јави за збор без тоа да се однесува на постапката, Јовановски ќе биде отстранет од судницата.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог