Камчев: Катица не ми нудеше спогодба, Боки 13 ми нудеше

Од:

Сведокот Орце Камчев во предметот „Рекет“ на прашање на адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев, рече дека во зградата на СЈО никогаш Јанева не му нудела спогодба, туку Боки 13.

„Мене никој никогаш не ми понуди спогодување. Никој не ми нудел такво нешто, ниту заштитен сведок…“, рече Камчев.

Toј денеска од 10 до 14 часот во скопскиот Кривичен суд со една получасовна пауза сведочеше и одговараше на прашањата на обвинителката Вилма Русковска и адвокатите на Бојан Јовановски и Катица Јанева.

На следното рочиште во вторник за „Рекет“ ќе сведочат благајничката на Орце Камчев, Мирјана Бошковска и неговата сопруга, Ана Камчева.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов