Камчев до Боки 13: Не те терав да ми ја носиш Катица на операција за слабеење

Од:

„Зошто на 22.02.2019 давате непостоечки еден милион евра спакувани во ташна Луј Витон?”, го праша обвинетиот Бојан Јовановски, сведокот Орце Камчев на продолжението на седницата за случајот „Рекет“.

„Јас одлучив да ги исплатам парите за да се тргне лагата за мене“, рече Камчев пред судот и дополни дека парите од 1 милион евра не се непостоечки.

„Дали свесно ја игравте улогата на агент-провокатор за да ги информирате вашите странски пријатели“, праша Јовановски, алудирајќи на тоа дека сведокот се обидел да изврши шпионажа, но судот не дозволи Камчев да одговори на прашањето.

На следно прашање дали Камчев свесно го наведувал Јовановски да спомнува имиња на политичари пред него за да го сними, Камчев рече дека не и дека свесно не го наведувал на ништо, и потоа бизнисменот возврати со контра-прашање до обвинетиот: „Свесно ли те наведов да ја носиш Јанева на операција да си ја смали килажата“, му рече Камчев на Јовановски пред судот.

Судењето продолжи со испитување на Камчев кој е сведок на Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов