Камчев: 350 илјади евра во кутија за кондури требаше да и’ бидат предадени на госпожата

Од:

Сведокот Орце Камчев кој повеќе од 1,5 час дава исказ пред судот за случајот „Рекет“, рече дека 350 илјади евра за рекетирање ги обезбедила неговата сопруга Ана, додека тој бил во притвор, за како што рече „да“ и’ бидат предадени на госпожата”.

„150 илјади евра позајмила од Зоран Милевски, а јас подоцна му ги вратив“, рече Камчев.

Тој рече дека по излегувањето од притвор сфатил дека треба да биде глумец во приказната.

Камчев кажа дека тоа се случило на средба во Орман меѓу Зоран Милевски, Ана Камчева и Бојан Јовановски.

„Она му вика тоа со Бојан ако не се заврши, ќе отворам уште три, четири постапки, директно обвинителката ги бара парите”, рече сведокот и дополни дека по нив на средбата дошол и Дејан Панделески, кој исто така е осомничен во истрагата „Империја“.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов