Камбовски: Политичката криза влегува во фаза на разрешница

Од:

Го поздравуваме тоа што сега веќе политичката криза влегува во една фаза на разрешница и мислам дека тоа е добар знак дека би можеле наскоро да влеземе во една нова фаза на стабилизација на општеството, изјави академик Владо Камбовски, претседател на Македонската академија на науките и уметностите.

Тој смета дека на општеството му треба квалитативен скок напред и дека сите учесници во разрешницата на кризата се заинтересирани за тоа.

– На нашето општество очигледно му е потребен еден коперникански пресврт, еден квалитативен скок напред. Јас се надевам дека сите фактори кои учествуваат во овие разговори сега имаат таков интерес, имаат таква цел и ќе направат се ние како општество да го направиме таквиот скок, рече Камбовски, кој денеска имаше средба со петтемина новоизбрани дописни членови на Академијата.

Иако не излегла со конкретно решение, Камбовски смета дека Академијата во актуелните случувања инсистирала на разумен и толерантен пристап и дека со тоа влијаела да се создаде клима на толеранција и дијалог.

Во врска со барањата на опозицијата за преодна влада, тој рече таа е дефинирана како организирање на влада. – Јас не знам што се подразбира, веројатно конкретна содржина на тоа ќе дадат самите учесници во тој политички дијалог, одговори претседателот на МАНУ.

Би можело да ве интересира

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

А1он

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“, вели Попов

Попов: Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем

Попов: Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот постои само една национална академија

Горан Наумовски

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија