Камбовски: МАНУ не може да биде дневно-политички интерпретaтор

Од:

Македонската академија на науките и уметностите не може да биде дневно-политички интерпретaтор, ниту да се претвори во истражен орган или во суд, изјави претседателот на Академијата Владо Камбовски, одговарајќи на новинарски прашања за актуелната политичка ситуација во земјата.

– Мислам дека не е во ред да се одбегне одговорноста на надлежните институции кои мора да си ја прифатат одговроноста за решавање на сите проблеми за кои постојат јасни правни и уставни начела, и таа да се префрла и на други институции, рече Камбовски во МАНУ, каде што денеска се одржа основачко собрание на Здружението за меѓународно право.

Тој апелираше надлежните институции да ги извршуваат своите законски и уставни задачи и функции и, како што рече, доследно да се придржуваат на Уставот на кој положиле заклетва.

Би можело да ве интересира

Грозданов: Време е науката да проговори – стоп за еко популизмот

Грозданов: Предлог стратегијата на МАНУ за минерални суровини наместо визија за иднината, создава конфузија

Академик Фити: Има серозни индикации и испитувања дека субвенциите не даваат соодветни резултати

Грозданов: Наместо стратегија за развој, МАНУ испорача исполнување на желби на поединци

Грозданов: Предлог Стратегијата на МАНУ за минерални суровини треба да биде одбиена

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

А1он