Калеска-Ванчева: Извештајот на ГРЕКО го опфаќа незаконското однесување на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

ГРЕКО го објави Извештајот за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг на оцена каде се упатени вкупно 23 препораки за Република Северна Македонија, рече Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка на СДСМ, на денешната прес-конференција.

„Она што треба да се потенцира во овој Извештај е дека во него се опфатени и неправилностите и незаконското работење на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во последната година од нејзиниот мандат.

Во Извештајот, меѓудругото се посочуваат примери на корупција, кршење на човековите права, се посочува дека поранешниот премиер Никола Груевски е под истрага за нелегално финансирање на партијата.

Исто така се посочува за неправилности во процесот на јавни набавки, односно, доделување на тендери до фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Ова се само дел од неправилностите на кои се повикува Извештајот на ГРЕКО, а кои се однесуваат на 2017 година и порано, односно во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од антидржавниот однос на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ во последните две години сериозно постапува по препораките на ГРЕКО и е посветена на реформите што се во интерес на граѓаните и државата.

Како што најави и Министерството за правда, во фаза на изработка е нов Закон за лобирање, во кој се имплементираат сите препораки на ГРЕКО.

Претходно, во однос на професионалноста на носителите на јавна функција, уште во март минатата година Владата на Република Северна Македонија, во рамки на Планот 3-6-9, донесе Насоки за добро управување на избрани и именувани лица во извршната власт.

Уште една реформа којашто ќе се реализира, а е дел од последниот извештај на ГРЕКО се однесува на измени на одлуката за формирање на Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

Имено, во рамки на Генералниот Секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, веќе тече подготовка на изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Кабинетот на Претседателот на Владата, во која попрецизно ќе се утврдат критериуми за договорно ангажирање на советниците на претседателот на Владата.

Како одговорна партија, предводник на парламентарното мнозинство со големо внимание ги следиме препораките од домашните и меѓународни институции и организации.

Остануваме посветени на реализација на реформскиот процес кој обезбедува независни, професионални институции и води напред кон ЕУ и НАТО.“, наведе Калеска-Ванчева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски