Калеска Ванчева: Измените се за прецизни законски одредби и ефективно водење кривични постапки

Од:

Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, при реплика од собраниската говорница одговори дека проширена конфискација значи проширување на можноста а не скратување и додаде дека не може да се смета за приватен интерес усогласувањето на членовите од главата 22, кривични дела од областа на животната средина со Европска директива.

Не можам да разберам како со таква леснотија излегувате и кажувате дека овде се работи за приватен интерес, освен ако имате такви искуства со приватни интереси, нагласи Калеска Ванчева.

На кого тоа му смета прецизен опис на законите. Дали ние сакаме да имаме навистина прецизни законски одредби, прецизно дефинирани кривични дела за да можеме да имаме ефикасно и ефективно водење на кривични постапки со нивна завршница за сите тие што се огрешиле од законот или сакаме да имаме бланкетни норми, па ќе водиме постапки а всушност никој нема да одговора, а ако никој не одговра, не може да се говори ниту за одземен имот нелегално стекнат, но очигледно или не можете да ја направите разликата или свесно не сакате да ја направите разликата, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Кој ќе ја поддржи Резолуцијата, нека знае што следува

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ-мигранти за пари, проект за железница со пари од договорот со Британија

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски