Како се молзе државата: Милион евра за патни трошоци на пратениците

Од:

Mакедонските граѓани до Дубаи плаќаат по 140 евра за авионски превоз, а македонските пратеници од Гевгелија, Охрид и Струга, за едно патување до Скопје кое е 30 пати пократко, наплаќаат од собранискиот буџет, или поточно од парите на граѓаните, од 6.000 до 8.000 денари, анализира inbox7.mk.

До Охрид има 400 километри во два правци, што значи дека околу 2.000 денари се троши за бензин. До Струмица помалку.

За неполна година, само за првите 11 месеци од 2014 година, кога три месеци имаше и избори, за патни трошоци на пратениците се исплатени околу 1 милион евра, а нивните привилегии од неодамна се збогатени и со правото да користат повисоки дневници за патување во странство.

Рекордер во наплатата на патните трошоци е пратеникот од Гевгелија, Драги Цуклев – во 2014 година наплатил 1,5 милиони денари (околу 25.000 евра).
Исто толку пари како на охридско-струшките, им следуваат и на битолските пратеници Зоран Илиовски и Љиљана Кузмановска.

Силвана Бонева има и по пет илјади евра на месец за патни трошоци, за дел од 2013 и дел од 2014 година има земено речиси 23.000 евра.

boneva19maj

Роза Топузова Каревска за јуни, јули, август и септември зела 4.465 евра за патни трошоци.

RozaTopuzova-Karevska

Пратеникот Антонио Милошоски од Кичево, до Скопје, наплаќа толку пари, колку да патува за Белград. Нему му следуваат по 4.000 денари за одење и враќање од „далечното“ Кичево.

milososki

Сепак, пратеникот Милошоски, за „Инбокс 7“ појасни дека тој не ги зема овие пари бидејќи нему како потпретседател му следува возач по службена должност.

Но, изјавата на Милошоски не се поклопува со фактичката состојба во собраниската благајна. Од таму велат дека во првите 11 месеци за 2014 година, на име патни трошоци му се исплатени 6.500 евра.

До Охрид има 400 километри во два правци, што значи дека околу 2.000 денари се троши за бензин. До Струмица помалку.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов