Како до живот со достоинство?

Од:

Како до економска, здравствена, безбедност на храната и на животната средина, до лична, политичка и безбедност на заедницата? Целта на проектот „Живот со достоинство“, кој го спроведе НВО Младински иницијативи за дијалог и соработка како подгрант од CLAIM!

Граѓанска Мрежа за мир, обнова и човекова сигурност, е да се крене свеста во јавноста од мултидисциплинарен пристап кон човековата сигурност. За согледување на состојбите во Република Македонија направено е истражување на законската регулатива во областите на здравство, работни односи и пензиско-социјалните прашања. Целта беше да се согледаат состојбите и да се дадат препораки како кај нас би можела да се зголеми сигурноста на луѓето од овие аспекти. Како завршен дел проектот днес (06.10.2016) се одржа јавна дебата за презентација и дискусија на истражувањето „Мултидимензионални аспекти на човековата безбедност“.

На настанот свои воведни излагања имаа: Проф. Др. Мери Бошковска, „Мултидимензионални аспекти на човековата безбедност, Проф. Др. Миле Спировски, „Влијанието на пристапот до високото образование“, Проф. Др. Јасмина Делчева Диздаревиќ, „Влијанието на сигурноста на работата“ и Алберт Муслиу, „Влијанието на функционирањето на демократски институции“

Дел од препораките што произлегоа од дискусијата се: – дополнителни активности во насока на развој на животното осигурување како алтернативен вид на штедење – пренамена на дел од средствата од буџетот на државата од непродуктивни кон капитални инвестиции кои би овозможиле зголемување на економскиот раст во земјата, креирање нови работни места и намалување на невработеноста – да се преземаат дополнителни мерки и активности во областа на социјалната политика и вработувањето во насока на зголемување на вработеноста на младите и долгорочно невработените лица, да се обезбедат соодветни институционални и финансиски ресурси за намалување на сиромаштијата во земјата – подобрување и ефективна и ефикасна примена на прописите од областа на безбедноста и здравјето при работа и ревидирање и промоција на стандарди за безбедност и здравје при работа.

Би можело да ве интересира

Маск започнa пресметка со невладините организации, прв на листата НЕД

А1он

Околу 12 милиони долари би се изгубиле во земјава по одлуката на Трамп за замрзнување на програмите за помош во странство

НВО Инфо: Локалните власти да ја зајакнат транспарентноста при трошење на државните пари

Ана Ололовска

ВИДЕО: НВО бараат итно донесување на законот за спречување и заштита од дискриминација

Ана Ололовска

Фондот за Западен Балкан ги помага капацитетите на регионалните НВО во борбата против организираниот криминал

Ана Ололовска

Перцепцијата на граѓаните за работата на општинските инспекции: Инспекторите повеќе ги штитат моќниците отколку јавниот интерес

Ана Ололовска