Како би гласале жителите на Карпош според ЦИА?

Од:

Центарот за истражување и анализа излезе со резултати од истражувањето за локалните избори во општина Карпош.

Истражувањето било спроведено од 9 до 15 март по метод на теренско истражување, при што биле опфатени сите битни прашања во врска со Локалните Избори 2013 година.

Според анкетата во која се опфатени 1202 испитаници, 44,59 % го поддржуваат Стевчо Јакимовски, 16, 06 % Јагнула Куновска, а 8, 04 % Андреј Петров. Според направената анализа, за Јакимовски би гласале 52, 77 % Албанци, 55,55 % Срби и 75 % Турци, додека за Андреј Петров ниту еден од Власите, Турците, Албанците и Босанците не би гласал.

karpos

Во делот на прашањето “За која советничка листа би го дале својот глас на престојните локални избори?” презентиран е процент на одговори и на партии кои немаат свои листи во Општина Карпош, и презентиран е процент на одговори “Стевчо Јакимовски”. Овие одговори иако не биле понудени граѓаните сами, при истражувањето ги давале како нивна опција за која би гласале, односно одговарале “Стевчо Јакимовски”, бидејќи не биле запознати која политичка партија ја кандидира неговата советничка листа за Општина Карпош.

Според анкетата на ЦИА, 27, 45 проценти би гласале за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, 17, 89 % би гласале за листата на СДСМ, а за листата која е наречена на Стевчо Јакимовски би гласале 6, 32 проценти.

На испитаниците како посебни советнички листи ЦИА им ги понудила и листите на ЛДП, Достоинство, НСДП, ВМРО-НП, Либаралната партија, ДОМ, ДУИ која има 0,91 % и ДПА со 0, 83%.

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори