Кај тројца велешани потврдено присуство на салмонела

Од:

Во текот на првите 11 дена од месецов во Велес и околината биле регистрирани 32 лица со дијареја и повраќање, а кај тројца од нив е потврдено присуство на бактеријата салмонела.

Ова го изјави Билјана Трајкова, епидемиолог од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес, која рече дека пациентите кај кои е потврдено присуство на салмонела меѓу другите симптоми развиваат и дијареа.

– Затоа сите лица со вакви симтоми како дијареја и повраќање треба одат на лекар за навремено лекување, потенцира Трајкова.

Таа истакна дека салмонелата се пренесува преку контаминирана храна и затоа посебно во овие летни денови храната треба добро да се мие и термички обработи и да се води сметка на хигиената посебно на рацете по одење во тоалет.

Инаку, според евиденцијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Велес, во текот на јули во поширокиот велешки регион биле регистрирани 65 случаи со дијареја и повраќање и четворица пациенти кои биле затруени од храна. Од нив најголемиот број 51 биле од Велес.

Д-р Трајкова рече дека состојбата е вообичаена за овој период од годината. Таа посочи дека за разлика од пред пет шест години кога имало и до 700 случаи на пациенти со ентероколити и помал број на труења со храна.

– Бројката на пациенти со вакви симптоми сега е повеќепати намалена, а тоа се должи на поголемата грижа на граѓаните за здравјето, одржувањето лична хигиена, како и за храната. Засилените санитарни инспекции на сендвичари и пицерии, и построгите казнени мерки повеќекратно ги намали ваквите случаи со салмонела, труења со храна и ентероколити. Но, тоа не значи дека граѓаните не треба да бидат претпазливи што и од каде консумираат храна и како ја подготвуваат во своите кујни, потенцира д-р Трајкова.

Би можело да ве интересира

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски

Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес