Kафе-барот во Триумфалната капија се издава за 400 евра месечно

Од:

Терасата на порта „Македонија“ која има површина од 172 квадратни метри, се нуди под закуп на 5 години со намена кафе-бар и со почетна цена од 2,3 евра квадратен метар без ДДВ.

Според огласот, заинтересираните лица кои ќе сакаат отворат кафе бар на терасата-видиковец ќе може да ја земат под кирија ако понудат повеќе од 400 евра месечно, оти толкава е почетната цена за закупот на јавното наддавање.

Кафулето ќе може да работи осум месеци во годината, односно сезоната ќе трае од 1 март до 31 октомври, со работно време од 18 часот до полноќ. На товар на закупецот ќе бидат и комуналиите за просторот, како и трошоците за одржување на скалите и лифтот во објектот. Периодот на закуп е пет години, а закупецот нема потреба од дополнителни инвестиции оти веќе е опремена со инвентар за функционирање на кафе-бар тераса, но во барот нема да се пушта музика.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан