(ВИДЕО) Каевски: Очекуваме фер кампања од противкандидатите

Од:

Очекуваме фер кампања од противкандидатите, изјави Дарко Каевски од СДСМ, кој го извлече бројот три за редоследот на заедничкиот претседателски кандидат, Стево Пендаровски.

На новинарско прашање зошто почнале порано со кампања, со средби со граѓани и други активности, Каевски рече дека од денес стануваат и официјално кандидати и до 1 април ќе се воздржат. Тој го повтори ставот дека ќе водат модерна и европска кампања.

Претседателските кандидати ќе бидат напишани на гласачкото ливче под редослед: Блерим Река, Гордана Силјановска и Стево Пендаровски. Редоследот беше утврден денеска на жрепката која беше спроведена во Државната изборна комисија (ДИК). На жрепката, редниот број за претседателски кандидати од ВМРО-ДПМНЕ го влечеше партискиот портпарол, Димче Арсовски.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада