Каевски: Близок соработик на Мицкоски фатен со кокаин, многу бело има околу ДПМНЕ

Од:

Со денови нема одговор на прашањето за средбите на Мицкоски со Палевски, осомничен за двете убиства, што ја потресоа и згрозија македонската јавност.

Зошто Мицкоски молчи за средбите со радикалот Палевски кој беше алатка на ДПМНЕ. Што крие?

И додека јавноста го чека Мицкоски да одговори што разговарале, што договарале, пукна нов скандал, и тоа со дрога, кокаин.

Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски е фатен со кокаин.

Како што информираше МВР, вчера на 9-ти декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин.

Станува збор за Александар Толоманоски-Дандаро, близок на Мицкоски и градоначалникот Пецаков.

Еве и дел од нивните заеднички фотографии. Нека види јавноста кои се блиските луѓе на Мицкоски.

Ова е вистинското лице на ДПМНЕ и кажува многу за какви луѓе станува збор.

Очигледно има многу бело околу ДПМНЕ и Мицкоски а не само Белата палата, рече на прес конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба, да вложуваме во заедничка иднина

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител