А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кадетите кои протестираа не ги поминале безбедносните проверки затоа не се примени на работа, велат од МВР

by А1он11/06/2018 - 12:3811/06/2018 - 15:21121
Share0

Кадетите кои денеска протестираа пред МВР не ја поминаа безбедносната проверка и затоа не им е даден договор за работа, велат за А1он и Макфакс од Министерството за внатрешни работи.

Добивај вести на вибер

„Во врска со денешниот протест на дел од кандидатите за полициски службеници (приправници) со кои не е потпишан договор за работа, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на процесот на прием и обука на избраните кандидати беа воочени сериозни неправилности кои биле направени при подготовката на безбедносната проценка на кандидатите. Притоа, констатирано е дека 37 од кандидатите за полициски службеници кои беа на обука добија негативни безбедносни проценки. Ова е спротивно на начелата за професионално и легалистичко работење и нивниот евентуален ангажман ќе значи прекршување на законските одредби за засновање на работен статус во Министерството, но истовремено и подривање на безбедносниот систем. Истовремено, започната е и постапка за утврдување на одговорноста за направените пропусти”, се вели во реакцијата на МВР.

Дел од кадетите од генерацијата 2017/18 година, денеска излегоа на протест пред Министерството за внатрешни работи за да го изразат својот револт, затоа што се уште немаат добиено договор за работа од Министерствотo иако, како што велат, успешно ја зaвршиле обуката за полицајци.

Конкурсот беше распишан за 600 полициски службеници кои ја завршија обуката, но сите не добиле договор за вработување, односно од овие 600 кадети, договор потпишале 565, а 35 останале без договор за работа.

Виктор Јованов

mvr

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он30/03/2026 - 15:2230/03/2026 - 15:49

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он28/03/2026 - 20:2528/03/2026 - 20:10

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Горан Наумовски23/03/2026 - 13:16

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 21:1220/03/2026 - 21:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто